Смојмирово доби повеќенаменско спортско игралиште

Од:

Премиерот Никола Груевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Маријан Спасески и градоначалникот на Берово Драги Наџински денеска пуштија во употреба повеќенаменско спортско игралиште во беровското село Смојмирово.

Игралиштето, како што информира премиерот Груевски, овозможува услови за играње фудбал, ракомет, кошарка и други спортови. Опремено е со рефлектори што ќе овозможи негово користење и во доцните вечерни часови.

– Со ваквите услови верувам дека ова игралиште ќе биде едно ново собиралиште на младите и место за рекреација на сите кои го сакаат спортот, рече Груевски.

Во изминатиот период, потсети тој, освен на спортски план, Владата помогна и во реализација на повеќе други проекти од различни области кои се од значење за граѓаните на беровскиот крај.

– Издвоивме околу 500.000 евра за пречистителната станица за фекални води во Берово, извршивме целосна реконструкција и поставивме централно парно греење во ОУ „Никола Петров Русински“. Помогнавме изградба на пешачка патека од браната на Беровското езеро до кајакарскиот објект, а се прави студија и подготвителни активности за изграба на ски-патека над Беровско езеро. Преку Јавното претпријатие за државни патишта ги направивме локалните патишта Студенец – Двориште, трите реки, Ратево – Џевдови Воденици – Русиново, Берово – Јуовец – Албаница и Русиново – Владимирово, а во Смојмирово помогнавме за асфалтирање на неколку улици, потсети Груевски.

Тој подвлече  дека соработката и поддршката на Берово и Малешевијата ќе продолжи и во иднина.

– Ќе продолжиме да вложуваме во проекти кои се од витално значење за инфраструктурата во општината, за образованието, земјоделството, изградба на патишта, туризмот, отворање нови работни места, помош на социјалните категории граѓани… Нашата примарна цел, како и претходно, ќе продолжи да биде подобрување на животниот стандард на нашите граѓани во целата општина и во цела Македонија, истакна Груевски.

Игралиштето во Смојмирово е дел од проектот за изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта во чии рамки 16 се веќе пуштени во употреба, 33 се целосно изградени, пет се во фаза на градба, а останатите 46 се во фаза на подготовка за изградба во следните години.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он