Во Прилеп по трет пат спроведена акцијата „Македонија без отпад“

Од:

Во Прилеп денеска по трет пат се спроведе работната акција „Македонија без отпад“ што се организира на ниво на Македонија и е во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Граѓаните можеа да им се придружат на вработените во ЈКП „Комуналец“ кои ги расчистуваа дивите депонии во околината на градот.

– Месноста „Заполшки мост“ беше избраната локација, која денеска  се расчистуваше , а  предходните денови „Комуналец“ самоиницијативно го исчисти надвозникот на патот Прилеп-Битола, заобиколницата  од „Жито Прилеп“ до „Варош“, „Ленишки мост“ и патот за  Ореовец, изјави градоначалникот Марјан Ристески.

Од  прилепски  „Комуналец“ велат дека од  овие локации најмногу отстранувале градежен шут,  којшто е транспортиран до депонијата  „Алинци“.

Според локалните власти, акцијата „Македонија без отпад“ има за цел да ја  поттикне  свеста кај јавноста  за чистење на расфрланиот комунален отпад, едукација за правилното отстранување, како и за штетите предизвикани од непланското фрлање отпад.

Би можело да ве интересира

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он