ДПА се враќа во Парламентот

Од:

Новиот состав на Централното собрание на ДПА, избран по минатонеделниот конгрес на партијата, денеска во салата на локалната самоуправа во Тетово ја одржа својата прва седница. Една од главните точки беше одлуката за враќање во Парламентот на нивната паратеничка група.

– Сите аргументи беа за враќање во Парламентот. Првиот аргумент беше јавно и директно барањето на меѓународната заедница да се вратиме во Парламентот и ние сакаме да демонстрираме партнерство со нив. Вториот аргумент е дека ние не сакаме да бидеме алиби на Владата оти ние со нашето политичко однесување сме виновни што Македонија веќе тоне во политичка и економска криза и третиот аргумент беше во оваа состојба каде поголемиот дел од медиумите се под контрола на власта или под контрола на организиран криминал и корупциски методи нас ни останува единствениот прозорец Паралментот преку нашите пратеници да ги искажеме нашите политики ставови, изјави претседателот на партијата Мендух Тачи.

Во однос на изјавата на лидерот на ДУИ за забелешките во Извештајот на ЕК, Тачи рече дека доколку Ахмети тоа го признава треба да се повлече од политиката.

 – Тој треба да демисионира и да излезе од таа Влада, рече Тачи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште