А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Успешна еколошка акција на проектот „Македонија без отпад“

by А1он18/10/2014 - 16:44136
Share0

Општина Карпош се придружи кон почиста и зелена околина. Околу 200 општински административци, денеска, излегоа на терен со цел да се сочува околината чиста и за истата да се грижи секој граѓанин на општина Карпош. Оваа еколошка акција се спроведува двапати годишно, есенско и пролетно чистење на површината ширум Општината, која е во иницијатива на одделението за животна средина при општина Карпош.

Добивај вести на вибер

Проектот „Македонија без отпад“, кој е дел од националната кампања, а е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, поддршка дадоа и Министерстовто за локална самоуправа, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, Дирекција за заштита и спасување, Генерал штаб на Армијата на Македонија како и повеќе владини и невладини институции. Општина Карпош ја поздравува оваа акција и активно е вклучена во подигање на свеста кај граѓаните во главниот град но и на целат територија на Република Македонија.

eko-akcija-karpos-1

– Еколошката акција ја спроведуваме со цел да ја исчистиме околината и во исто време да им покажеме на сите граѓани дека секој од нас треба да се грижи за хигиената во Општината. Во изминатиот временски период вложивме многу труд и многу средства за одржување хигиена во Општината. Откако започнавме со првото чистење, исфрливме 540 камиони со шут, смет и друг отпад, што значи дека трудот што го вложивме и ние и граѓаните како и службите со кои располагаме, даваат одличен резултат. Општина Карпош е Општина која што има изречено најмногу мандатни казни на физички и правни лица од страна на комуналните инспектори, на несовесни граѓани и фирми кои ја загрозуваат животната околина, – истакна градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

eko-akcija-karpos-12

Целта на проектот е преку вакви акции, да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да се подигне свеста на граѓаните, Општини и други засеганти групи. На тој начин ќе дојде до подобро и полесно справување со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.

ekologijakarpos

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Предраг Петровиќ26/10/2025 - 16:34

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Горан Наумовски16/10/2025 - 16:54

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ13/10/2025 - 17:1813/10/2025 - 18:03

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Горан Наумовски10/10/2025 - 12:45

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски10/10/2025 - 09:2710/10/2025 - 10:50

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Горан Наумовски08/10/2025 - 13:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен