Општина Гевгелија се вклучи во денешната еко акција ,,Македонија без отпад“ со чистење на комуналниот отпад од неколку локации кои беа посочени како најзагрозени.
Во реализација на акцијата беа вклучени учениците од сите училишта на територијата на општина Гевгелија, јавните претпријатија ,,Комуналец,, и подружницата шумско стопанство ,,Кожув,, членови на фондацијата ,,Аполонија,, и вработените во општинската администрација.
Од општината информираа дека од комунален отпад се исчистени крај патните делови од локалниот пат Гевгелија-Ново Конско,патот Негорци-Кованец,патот кон мотелот ,,Вардар,, излетничкото место ,,Динќут,, како и депониите за градежен шут кој е отстранет со ангажирана механизација од неколку градежни фирми кои се одзваа на повикот да ја помогнат акцијата.
На сите локации кои беа опфатени со акцијата, по отстранувањето на отпадот беа поставени метални контејнери за собирање отпад.