Во рамки на акцијата „Македонија без отпад“, која се спроведе во месноста Починалиште во близина на СОУ „Цар Самоил“ во Ресен се вклучија ученици од основните училишта и средношколскиот центар, вработените од локалната самоуправа, од Центарот за управување со кризи, од Јавното комунално претпријатие “Пролетер“ и граѓани од Ресен.
Помали акции за чистење на училишните дворови се реализираа и во ОУ„ Мите Богоевски“ и ОУ „Гоце Делчев“ во Ресен. Околу 300 учесници успеаја да соберат околу 200 метри квадратни комунален отпад, кој беше однесен во градската депонија во Ресен.
На акцијата се приклучи и градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски. – Ме радува што оваа акција за чистење на комуналниот отпад во нашата општина наиде на големо одобрување и масовно учество. Во иднина на локално ниво треба да се одржуваат повеќе вакви акции со што ќе се придонесе кон почиста животна средна во нашата локална заедница, рече Стрезовски.
Акцијата се одржува трета година по ред во соработка со Министерството зa животна средина и просторно планирање.