Во Тиквешијата акција за собирање отпад

Од:

Регионалното еколошко друштво „Еко живот” од Кавадарци денеска се приклучи кон акцијата на Министерството за животна средина и просторно планирање насловена „Македонија без отпад”, реализирајќи еколошки акции во општините од Тиквешијата.

– Организиравме еколошки натпревар во собирање на отпад од страна на учениците од повеќе училишта во Тиквешко. За секоја општина ќе прогласиме по едно училиште победник чии ученици собрале најмногу отпад од природата. На крај ќе одбереме и нај еко училиште од регионот кое ќе може да се пофали со најголеми количини на собран отпад од околината. За најдoбрите следуваат и награди, рече претседателот на друштвото Роберто Паризов.

Тој нагласи дека и понатаму со вакви и слични акции ќе настојуваат да ја подигнат еколошката свест кај населението во регионот.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он