Путин ќе помогне во истрага за падот на „МХ17“

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин се согласи да го употреби своето влијание врз проруските бунтовници во Украина, за да помогнат во истрагата околу падот на малезискиот авион, истакна австралиската министерка за надворешни работи, Џули Бишоп.

Министерката Бишоп за радио „ABC“ изјави дека кратко се сретнала со Путин за време на Азиско-европскиот самит, кој во петок се одржа во Милано.

-Го замолив да го искористи своето влијание врз сепаратистите во источна Украина и да овозможи пристап на истражителите, до местото на несреќата-изјави таа.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на функционер во Русија, тројца мртви

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска