Акција „Македонија без отпад“

Од:

Во рамки на проектот „Македонија без отпад“ денеска низ цела држава ќе се реализира национална акција за чистење на отпад.

Акцијата ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, дел од проектот „Македонија без отпад 2014“.

Проектот ќе се спроведува со поддршка и со учество на државни институции, локални самоуправи, јавни и комунални претпријатија, невладини организации, здруженија на граѓани и месното население.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири упати апел до граѓаните за масовно приклучување во акцијата за чистење на отпадот лоциран на несоодветни места.

Централниот настан ќе се одржи во општина Карпош кај пешачкиот мост „Газела“. Вклучување во акцијата најавија повеќе општини, меѓу кои Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гостивар….

Заинтересираните граѓани може да се информираат на веб страницата на „Ајде Македонија“ www.ajdemakedonija.mk или во општините.

Граѓаните доколку забележат неовластено исфрлање и складирање отпад можат да се обратат на бесплатниот телефонски број за итни дојави 195 на Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он