Заштедите постигнати со измените на колективните договори во јавниот и државниот сектор не се доволни. Мора да се сече уште повеќе. И додека министерката за социјална политика и млади Миланка Опачиќ вели дека најдобрата социјална политика е политиката на вработување, министерот за финансии Славко Линиќ рече дека бројот на вработени во јавниот и државниот сектор треба да се намали за 20.000. И тоа линеарно 8% во секое министерство.
Така доаѓаме до вишок вработени во образованието и науката – 9.000. Тука се и околу 6000 во здравството и околу 2.00 во полицијата. Во повеќето случаи, тоа ќе биде пензионирање. Услови за тоа во моментов исполнуваат или многу наскоро ќе исполнат 15.000 службеници. Така да во оптимистичко сценарио од овој сектор под завод ќе одат 5.000 вработени. во прв ред оние со договор заработа на определено време.
Бранот отпуштања следи, и во државните компании. Поради слабите резултати не ќе бидат во можност да ги избегнат. Од Хрватски железници мора да си одат 2.700 луѓе од ХЕП 3.300, од Хрватски шуми 2.000, Хрватски патишта и автопатот Риека Загреб ќе отпушти 1.500 вработени, хрватските води 100. Тоа се уште 10.000 луѓе надвор од работа.