Одржана 29-та седница на советот на Општина Центар

Од:

Советот на општина Центар на денешната седница ја усвои одлуката за начинот на извршување на присилната наплата на пристигнатиот даночен долг на даночни обврзници – физички лица, по основ данок на имот.

Градот Скопје и градоначалникот на град Скопје предложија присилната наплата на неплатениот даночен долг по основ на данок на имот од 2009-та до 2012-та година.

Оваа одлука е донесена во другите скопски општини, а денеска ја донесе и Советот на општина Центар, кој работеше во полн состав, со сите советници.

Имајќи ја предвид материјалната состојба на граѓаните, ќе се врши наплата само на главниот долг, без каматата.

Советот го донесе и правилникот за утврдување и постапката за условите за издавање на одобрение за прекопи и дополнување на програмата за работа и развој на ЈП “ПОЦ“ за 2014-та година, во делот на деталниот финансиски план.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории