Осми Саем на здрава храна во Ореше

Од:

Под мотото „Поблиску до природата“ во организација на тимот на ОУ „Петар Поп Арсов“ од село Богомила и тимот на Општина Чашка денеска во селото Ореше се одржа традиционалниот осми Саем на здрава храна.

На саемот на здрава храна, мед, чај, ореви, печурки, компири… продаваа локалните земјоделци од овој еколошки чист регион од Општина Чашка и тоа од селата Извор,Стари град, Владиловци, Мартолци, Оморани, Согле, Теово, Богомила, Бежилово и Ореше.

– Целта на саемот е промовирање на локалните земјоделци и производители на храна, локалните специјалитети, традиционалните носии и рачни изработки, појасни Горан Пановски градоначалник на општина Чашка.

Посетителите воедно имаа можност да дегустираат и специјалитети од здрава храна подготвени од домаќинките од овој регион, а манифестацијата беше збогатена и со културно уметничка програма во изведба на ученици од овој крај.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава