ЕУ очекува и земјите-кандидати за членство да ги поддржат санкциите против Русија

Од:

Европската унија очекува и од земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата да се придржуваат до мерките што Брисел ги превзема кон Руската Федерација, односно кон санкциите.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова предмалку го потврди Маја Коцијанчиќ, портпарол на Европската комисија. Според гласноговорничката на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, иако краен датум за целосно прилагодување со ЕУ е пристапниот датум, сепак, според неа- сите трети земји и кандидатите од Западен Балкан треба да ги поддржат мерките на Брисел.

– Сепак, ваквите одлуки зависат од властите во овие земји. Но, кога станува збор за посветеноста, таа е тука, земјите се мониторирани преку годишните извештаи, кои овој месец беа објавени. Очекуваме сите земји што имаат потпишано Договори за асоцијација и стабилизација со Унијата, што им дава јасна европска перспектива, постепено да конвергираат кон позициите на ЕУ, посебно кога станува збор за нашата надворешна и безбедносна политика – посочи Коцијанчиќ.

Според портпаролката на Еврокомисијата, земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство се постојано набљудувани од Брисел за нивните потези, како што бил и случајот со вчерашниот грандиозен прием на рускиот претседател Владимир Путин во Белград. Во тој поглед, Коцијанчиќ потсети на повикот од Советот за надворешни рбаоти (ФАК) на ЕУ од вонредниот состанок одржан во август годинава, а по економските мерки што беа усвоени во однос на Русија, а тоа е партнерите на Брисел низ светот да не влагаат на рускиот пазар на местото на Унијата.

– За односите меѓу Русија и Србија, немам коментар, но кога пред неколку дена ме прашаа за посетата на Путин, реков дека Србија е кандидат за членство и води пристапни преговори, па во тој поглед од оваа земја очекуваме и проевропска насока за иднината – додаде гласноговорничката на ЕК.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ