Со двата натпревара што вечерва се на програмата стартува женската ракометна Лига на шампионите.
Македонскиот претставник Вардар, по ланското трето освоено место, годинава ќе стартува со дуелот против Будуќност во Подгорица, екипа од која загуби во полуфиналето на „фајнл фор“ турнирот во Будимпешта. Натпреварот се игра во недела.
Вечерва се играат дуелите: Крим – Хипо (А група) и Баја Маре – Лублин (Д група). Во романската екипа Баја Маре настапува и македонската репрезентативка Елена Ѓеорѓиевска.
На другите натпревари од првото коло двојките се: Динамо Синара – Лајпциг (А група), Турингер – Подравка, Будуќност – Вардар (Б група), Виборг – Савехоф, Ѓер – Локомотива Загреб (Ц група) и Ларвик – Мец (Д група).
Титулата ја брани унгарската екипа Ѓер.