Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, вечер ќе биде отворена изложбата на Зени Балажи на која ќе се претстави со седум инсталации кои по својата стилска определба припаѓаат во мултимедијалниот или интердисциплинарниот ликовен дискурс.
Изложбата ја сочинуваат разновидните искуства на современата уметност како што се сликарство, видео-инсталација и прeзeнтaциja нa сите нови мултимедијални техники на визуелната уметност. Во овој состав се опфатени новите културни и уметнички наследства, унапредувани во современа, модерна креација и визуeлнa тeхникa.
Зени Балажи е професор по концептуална уметност на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, реализирал повеќе изложби во Европа, изработил сценографии за повеќе од 10 филмови, стотици дизајни,…