Утре се очекува најсилната магнетна бура на Земјата во последните 200 години, предупредуваат експертите од НАСА и лабораторијата за рендгенска астрономија на Сонцето од физички институт “Лебедев”.
Таков магнетен хипер напад може евентуално да доведе до глобална катастрофа. Во Африка ќе се гледа северната светлина, а за постоењето на интернет и мобилните комуникации може и ќе треба да се заборави. Се што е поврзано со струјата ќе престане да работи, пишува сајтот 30dumi.eu.
Сонцето почнува со 24 от циклус на активност. Тоа го покажуваат посебните дамки кои се појавуваат на површината на сончевата плазма, и кои се откриени од сателитот STEREO – специјален инструмент на НАСА.
“Ова е најголемиот настан за последните 200-300 години” – вели Мајкл Кајзер, истражувач во Одделението за хелиофизика на NASA Goddard Space Flight Center.
Последниот човек, сведок на слични дамки на сонцето е Галилео, за прв пат, тој ги набљудувал во почетокот на 17 век, кога тие биле помали.
По 28 циклуси, кои се добро документирани, од 1745 година до денес овие жаришта сериозно не биле набљудувани “- вели Кајзер.
Ќе ја видиме ли големата сончевата корона – гигантската експлозија на плазмата на сонцето (CME), иста како во 1859 година? Најверојатно, ова ќе биде уште поголема.
Научниците веќе почнуваат да го сфаќаат вистински историското значење на сончева бура во 1859 година, и на 22 септември 2012 бурата може да се случи повторно и да е најмоќното нарушување досега на јоносферата на Земјата.