Маџиров на поетско биенале во Велика Британија

Од:

Никола Маџиров учествува на меѓународното поетско биенале кое од денеска до 21 октомври се одржува во Мидлсбро, Велика Британија. На фестивалот учествуваат петнаесетина автори од Финска, Сирија, САД, Либан, Куба, Естонија…

Никола Маџиров ќе учествува на вечерните читања на македонски и англиски јазик утре и внедела, како и на трибината за улогата на современата поезија во гео-политичките текови и дебатата за „изгубеноста во преводот“ која ќе се одржи на Тисајд Универзитетот во Мидлсбро.

Книгата на Маџиров „Остаток од друг свет“ која се објави во Велика Британија минатата година донесе повеќе позитивни критики во британските весници, споредувајќи ја неговата поезија со онаа на Транстромер или Часлав Милош. Лондонскиот „Тајмс“ испечати необјавени преводи на неговата поезија, а „Гардијан“ ја вклучи песната „Кога некој заминува“ меѓу најдобрите 50 светски песни за љубовта напишани во последните 50 години, заедно со песните на нобеловецот Дерек Волкот, или со оние на добитниците на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата Тед Хјуз или Ко Ун.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје