Путин: „Јужен поток“ не може да биде реализиран еднострано

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Белград изјави дека проектот „Јужен поток“ не може да биде реализиран еднострано, но е длабоко убеден дека тој е корисен за европските потрошувачи.

– „Јужен поток“ не може да биде реализиран еднострано, ако нашите партнери уште мислат на него. Тоа е како во љубовта – таа може да биде среќна само доколку двајцата учесници во овој прекрасен процес сакаат да ги продолжат тие односи, рече Путин во одговор на прашање на Танјуг за перспективите на реализацијата на овој проект.

Тој посебно внимание посвети на тоа дека слични дискусии се воделе и кога бил граден гасоводот „Северен поток“, а дека „сега, кога е изграден, сите се среќни“, и изрази уверување дека иста е ситуацијата и со „Јужен поток“.

– Длабоко сум убеден дека проектот е корисен за европските потрошувачи, рече рускиот претседател, потенциирајќи дека политиката и штети на економијата и во извесен степен ја намалува конкурентската способност на европската економија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски