(ВИДЕО) Кога до работа се доаѓа со партиска книшка, тоа е сигнал за тоталитаризам – промоција на „Изворите на тоталитаризмот“

Од:

Второто македонско издание на култната филозофска книга на 20. век „Изворите на тоталитаризмот“ од Хана Арент Книгата, во издание на Фондација Отворено општество – Македонија и издавачката куќа „Култура“, денеска ја промовираа Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки, Горан Јанев од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и Соња Исмаил од ФОРУМ – Центар за стратегиски истражувања и документација.

Модератор на дебатата, која се осврна и на македонската состојба, беше Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

– По падот на Берлинскиот ѕид се покажа дека капитализмот е промискуитетен, наместо да води љубов со слободата – оди в постела со автократијата, мислам дека е тоа одлична кратка дијагноза за тоа до каде е стигната работата и дека веројатно се потребни и нови одговори. Сепак, книгите се потребни и на книгите мора да им се враќаме, затоа што ако тоа не се случува, тогаш несомнено стануваме жртви на манипулација и на оние што умеат да манипулираат со ирационалното, рече Милчин.

Според Катерина Колозова книгата „Изворите на тоталитаризмот“ иако е објавена во 1951 година е неверојатно актуелна и денес, бидејќи ги разоткрива механизмите на тоталитаризмот.

– Самата оваа книга може да ни помогне да го препознаеме повторното раѓање на тоталитаризмот на глобално ниво, а тука може да се сметиме и самите себе, но и дел од западните демократии. Во препознавањето на тие механизми ни помага токму книгата на Хана Арент, затоа што ни објаснува како тоталитаризмот ги користи механизмите на демократија за да се инсталира себе си како тотоалитаризам, дека успева да изгради реторика на ултимативната демократија, каде што веќе не ја ни препознавата промената на реториката, освен ретки луѓе кои остануваат во комуникација со реалноста, зашто централната алатка на тоталитаризмот е создавањето на лажен универзум, кој функционира како самодоволен и затворен универзум, рече Колозова.

Горан Јанев потсети дека Арент зборувала за она што денеска го нарекуваме партизација на државата.

– Во тоталитарниот режим се брише разликата меѓу државата и партијата, значи она што ние го зборуваме како партизација, менување на административното тело, доаѓање до работа само преку партиска книшка, преку партиски врски, значи тоа тотално партизирање на општеството – тоа е дефинитвино сигнал за обид за тоталитаризам, рече Јанев.

Соња Исмаил ги спореди тоталитаризмот и популизмот, како актуелна форма на владеење во Македонија.

– И популизмот генерира еден шум кој што се заканува да го доведе до тотална неспособност секој обид за критичко промислување на стварноста, рече Исмаил.

А.Б.

Би можело да ве интересира

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски

ФООМ – 25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество

Ана Ололовска

НОВУС го заврши сетот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Ана Ололовска

Фондацијата „Отворено општество“ бара официјална потврда од ЈО за истрагите против НВО секторот

Ана Ололовска