Во Тетово пукано во воздух од гасен пиштол

Од:

Непознато лице денеска околу 12 часот и 30 минути испукал во воздух два куршума од гасен пиштол на фудбалското игралиште во кругот на Медицинското училиште во Тетово, по што избегало.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски истакна дека по пријавувањето на случајот биле испратени служби од СВР Тетово каде се пронајдени две празни чаури кои се земени за вештачење.

– Местото е соодветно обезбедено и се преземаат мерки и активности за идентификување и пронаоѓање на нарушителот на јавниот ред и мир и утврдување на сите поединости, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он