Николиќ стапува на должност

Од:

Новоизбраниот српски претседател Томислав Николиќ денеска ќе положи заклетва, со што ќе го започне својот петгодишен мандат.

За прв пат на свечениот чин на положување заклетва се повикани сите претседателски кандидати. Своето присуство на свеченоста го потврди Борис Тадиќ.

Прво ќе биде одржана конститутивна седница на новиот состав на парламентот. На дневниот ред на седницата е потврдување на мандатот на пратениците, избор на претседател и потпретседател на Народното собрание, именување на генерален секретар, избор на членови на работните тела, како и членови на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.

Инаугурацијата на Николиќ е закажана за 11-ти јуни. Неофицијално, Хрватскиот претседател Јосиповиќ нема да присуствува на свеченоста, пренесуваат хравстките медиуми.

Би можело да ве интересира

Александар Шапиќ повторно избран за градоначалник на Белград

ВИДЕО: Вучиќ објави снимка од победничката прослава

Катерина Ѓуровски

СНС прогласи победа на локалните избори во Србија, опозицијата тврди дека Ниш и Чачак се „слободни градови“

Катерина Ѓуровски

Белградските и локалните избори во Србија ќе се одржат на 2 јуни

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски

Со свирежи и транспаренти конституирано српското Собрание, опозиционерите дадоа заклетва во холот