(ВИДЕО) Сугарески: Потрошија повеќе за камената Фаланга, отколку за АРМ

Од:

„Со предлог Буџетот за 2015 година Владата на Никола Груевски продолжува да ги намалува средствата за потребите на одбраната и припадниците на АРМ.

Оваа власт повеќе пари потроши за споменикот на камената Фаланга отколку за Армијата на Република Македонија.

Во последните 8 години, Владата на ВМРО-ДПМНЕ префлила над 60 милиони евра од буџетот на одбраната, на други буџетски ставки“, изјави на денешната прес-конференција Горан Сугарески, пратеник и член на Комисијата за одбрана, СДСМ.

„Со овие пари:

–      ќе се набавеа униформи и војнички чизми коишто им се неопходни на војниците.

–      можеше да се изградат станови за припадниците на Армијата.

–      можеше да се вработат планираните 250 војници за оваа година кои останаа да чекаат пред вратите на Министерството за одбрана.

–      ќе се купеа и 30 оклопни транспортери.

Дополнително, власта не ги реализираше проектите за реконструкција на објектите Свети Наум и Попова Шапка, а пропадна и проектот АРМ – Мој вистински дом.

Минатата 2014 година, речиси целиот буџет на одбраната се потроши за плати за вработените (околу 70%). Немаше и се уште нема пари за опремување и модернизација на Армијата.

Ќе потсетиме дека во Заклучокот од Самитот на НАТО, во септември, се укажа дека минимумот на одвојување за одбраната треба да биде 2% од БДП, а од тие средства барем 20% да бидат за модернизација и опремување.

Буџетот на одбраната денес изнесува фрапантни 1.1% од БДП. Ова го потврдува крајно несериозниот однос на власта кон Армијата и припадниците на АРМ“, рече Горан Сугарески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра