Казнети шест лица за нередите во Тетово во вторникот

Од:

Шест лица се санкционирани за нарушувањето на јавниот ред и мир со гласно викање, скандирање, недолично однесување, неовластено пукање со пиротехнички средства, свирење со автомобилски сирени и со чкрипење на гуми од повеќе возила што се случи во вторникот околу 22,30 часот на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“ во Тетово, соопшти МВР.

СВР Тетово против пет лица поднесе платни налози за сторен прекршок по чл. 8 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а против едно лице е поднесен платен налог за сторен прекршок по чл. 4 од истиот Закон.

Полицијата работи на идентификување и на други лица инволвирани во нарушањето на јавниот ред и мир.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он