Клуч на „Југохром“ и „Макстил“ до исполнување на еко стандардите

Од:

Доколку компанијата „Југохром“ до 31 октомври, кога е крајниот рок за исполнување на условите за добивање А интегрирана дозвола, сама не го затвори капацитетот, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе постапува согласно Законот за животна средина, информира денеска на прес-конференција ресорниот министер Нурхан Изаири.

Од големите индустриски капацитети, А интегрирана еколошка дозвола нема добиено ниту „Макстил“, каде според министерот за животна средина и просторно планирање, не се целосно завршени работите за вградување на филтер. Од нивните кажувања, нагласи Изаири, од 31 овој месец сами ќе затворат додека не се усогласат со законските барања.

„Југохром“ нема ниту почнато со исполнување на оперативниот план. Им укажувам да се вклучат и тие во акцијата и на 31 да си го затврорат сами, во спротивно ќе мора ние тоа да го направиме согласно Законот.

– Југохром од хумана гледна точка за вработените, но и за целиот регион би било препорачливо сами да престанат додека не ги исполнат еколошките услови. Доколку не ги исполнат условите, на 31 октомври ќе мора да постапиме согласно законот, за што сме и тука за да ги почитуваме законите и Уставот, а законот вели без дозвола понатаму не може да работи, подвлече Изаири.

Покрај индустриските загадувачи, тој нагласи дека голема улога во аерозагадувањето има и возниот парк, односно издувните гасови од автомобилите, начинот на греење на домаќинствата и градежништвото. Според некои анализи, една третина од загадувачите се од индустриско потекло.

– Сите ние сме задолжени да го чуваме воздухот што го дишеме, тоа зависи со какви возила ќе се возиме, колку луѓе ќе се возат во автомобилот, со каков транспорт ќе се возиме, какво греење ќе имаме,… Нашата совест треба да биде на повисоко ниво, рече Изаири.

Градот Скопје, а  препораките важат и за другите градови, добија препораки да размислуваат не само на краткорочни, туку и на среднорочни мерки.

Во насока на надминување на проблемот со загадувањето, ресорниот министер информира дека Градот Скопје и Министерството за транспорт и врски се договориле како ќе се одвива сообраќајот во градот, вклучувајќи ги товарните и транзит возилата, како и внатрешната комуникација.

– Во зависнот од тоа нема да се чека и ќе почнеме со кампања да им укажеме на сите граѓани и на одговорните како да се справуваме доколку има поголемо загадување на воздухот, додаде Изаири. 

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

До дваесет пати пониски емисии на цврсти честички од максимално дозволените во Макстил

Макстил доделува годишни стипендии за студенти и за средношколци

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село

Од факултет веднаш до вработување – Макстил потпиша меморандум за соработка со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје

Предраг Петровиќ

Макстил го промовира и поддржува концептот на циркуларна економија преку проектот на M6 едукативен центар и Хелветас

Предраг Петровиќ