ФОТО: Македонската дизајнерка Тања Добровоцки со изложба во Берлин

Од:

Од 17-ти до 29-ти октомври, Тања Добровоцки, под името „Life Style Factory“ ќе учествува на групна изложба во галеријата „Прима Центар“ во Берлин. Македонската дизајнерка на индустриски производи и мебел, на изложбата која го носи името „Post Walterismus“, ќе се претстави со 24 рачно изработени предмети.

Arhitektura polica

Посетителите на „Прима Центарот“ во Берлин ќе можат да ги видат сите нејзини досегашни производи претставени преку дрвени макети. На овој начин ќе бидат презентирани неколку модели од: масите „Ethno Cube“, „Pixel Me“, „Dark Forest“ и „Zen II“, столиците „Caleidoscope“ и „Muse“, како и полицата „Архитектура“. Покрај макетите, со потписот на „Life Style Factory“ ќе бидат изложени и 6 тањири со карактеристични македонски етно мотиви, а ќе биде прикажано и видео од процесот на изработка и начинот на употреба на предметите.

Caleidoscope stolici 1

Минатата година младата дизајнерка, со постер од решението за нејзината маса „Ethno Cube“, учествуваше на изложбата „Das ist Walter“, во истата галерија, на која беа избрани четворица победници. Гласањето од на изложбата ја пласираше Тања Добровоцки меѓу првите четворица, со што и се овозможи учество на овогодинешната изложба.

Caleidoscope stolici 3 DarkForest masa 1 DarkForest masa 2 DSC_0766 EthnoCube masi 1 EthnoCube masi 2 EthnoCube poster od Das ist Walter izlozba Muse stolica PixelMe masi 1 PixelMe masi 2 Zen II masa Caleidoscope stolici 2

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски