Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека е неопходно во Северна Сирија да бидат создадени безбедносни зони за заштита на локалното население, јави ИТАР-ТАСС.
– Зоните треба да бидат создадени меѓу градовите Алепо, Идлиб и турската граница и во нив да бидат вклучени гранични градови, меѓу кои Кобане. А одлуката за создавање зони за безбедност треба да биде донесена од ОН, рече Давутоглу.
Турскиот премиер истакна дека Анкара не говори за создавање на „тампон зони, туку зони за безбедност“.
Сакаме во тие зони да доаѓаат луѓе и да се безбедни. Исто така сакаме да биде создадена зона, забранета за летови, бидејќи тоа е услов за сигурноста на луѓето во зоните за безбедност, рече Давутоглу.
Тој истакна дека терминот „тампон зона“ има воен карактер, а Турција нема никакви претензии за теиторијата на „пријателската“ земја Сирија.