Новите мајки се најчести корисници на интернет, покажуваат резултатите од студијата на британската компанија „Cussons Mum“, анкетирајќи повеќе од две илјади жени. Поголемиот број мајки го „прашуваат“ „Гугл“ зошто нивното бебе не може да спие, како да се чисти носот или како да се ублажат проблемите со забчињата.
Околу 82 отсто од новите мајки изјавиле дека постојано се грижат за благосостојбата на своето бебе, а две третини од нив изјавиле дека „Гугл“ им е „најдобар пријател“, затоа што одговорите на интернет и искуствата од другите луѓе ги едуцираат и ги смируваат.
Уште за време на бременоста жените на интернет наоѓаат одговори на прашања, што се можат да очекуваат, а „гуглањето“ не престанува ни ако станува збор за второ или трето дете.
Прашања кои мајките најчесто ги поставуваат:
– Како детето повеќе да спие?
– Како да се исчисти носето на бебето за време на настинка?
– Зошто моето дете плаче?
– Како да се лекува настинка кај бебе?
– Колку млеко е доволно на детето?
– Дали осип од пелени е нормален?
– Колку долго време треба детето да спие?
– Дали моето дете има грчеви?
– Кога и како да се одвикне детето од пелени?
– Што да направите во случај на запек?
– Кога детето би требало да почне да лази?
– Кога децата почнуваат да зборуваат?