„Ауди“ го најави концептот за новиот топ модел „А9“

Од:

На саемот на автомобили во Лос Анџелес, што ќе се оддржи во ноември, „Ауди“ ќе го претстави концептот „А9“. Станува збор за аутомобил што го најавува новиот дизајн на германскиот производител, но и идниот продукциски топ модел на оваа компанија.

Иако засега е објавена само затемнета фотографија од возилото од птичја перспектива, за да се заскокотка фантазијата на фановите, соопштението на германската компанија претставува официјална потврда на претходните шпекулации дека „Ауди“ работи на новиот топ модел.

Освен тоа, концептот „ А9“ е значаен и затоа што „Ауди“ на него ќе испроба некои нови стилски елементи што ќе се најдат на идните модели од оваа компанија. Автотомобилот е обликуван во дизајнерскиот центар на „Ауди“ во Инголштат, под водство на главниот дизајнер на компанијата, Марк Лихте, кој на оваа позиција беше поставен во февруари 2014 година.

Лихте објаснува дека „А9“ го нагласува спортскиот дух на „Ауди“ и дека таквиот стил ќе биде застапен и на новите модели од овој производител. Тој додаде дека во рамки на дизајнерските интервенции маската на ладилникот ќе претрпи еволутивни промени во однос на нејзиниот актуелен изглед.

-Идните модели и натаму ќе го носат препознатливиот визуелен печат на „Ауди“, но ќе имаат поизразен „скулптурален дизајн“, со чисти и едноставни линии кои навестуваат моќни перформанси на автомобилот, вели Лихте.

Се очекува продукциската верзија на „Ауди А9“ да биде поставена на МЛБ Ево платформа.

Покрај стандарниот модел „А9“, во понудата треба да се најде и посилниот „Ауди С9“, што под хаубата ќе има варијанта со 4.0-литарски В8 твин-турбо мотор со околу 600 кс.

Концептот „Ауди А9“ премиерата ќе ја има на 18 ноември, на авто-салонот во Лос Анџелес, додека сериската верзија најверојатно ќе биде претставена во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ