Едно истражување, спроведено во САД тврди дека децата со повисока тежина при раѓањето имаат подобри оценки во училиштето кога ќе пораснат.
Заклучоците на истражувачите од Нортвест универзитетот се засноваат на податоците за сите деца родени во Флорида во изминатите 11 години.
Исто така се покажало и дека поголемата тежина при раѓањањето е пропорционално поврзана со зголемување на шансите за подобар успех во училиштето.
Утврдено е дека децата родени по повеќе од 39-та недели од бременоста се поздрави во однос на другите деца.