Ќе има доволно струја за зимата

Од:

ЕВН Македонија е подготвена за претстојната грејна сезона. Од почетокот на годината направена е инспекција на 13.000 километри дистрибутивна мрежа на сите напонски нивоа, како и анализа на подготвеноста на 7.000 трафостаници во земјава. Направена е интервенција на сите забележани критични точки, при што е исчистена вегетацијата на 120 километри среднонапонска и на 110 километри нисконапонска мрежа. Заменети се над 1.500 столба на средно и ниско напонско ниво, а санирани се над 1.700 делумно оштетени столбови.

– Сигурното и навремено снабдување на корисниците со електрична енергија е главната цел на компанијата. Затоа севкупната техника и човечки ресурси се ставени на располагање за евентуални реакции. Целосно се опремени и подготвени тимовите за интервенција, а за полесно справување со зимата направени се стратегии и договори за заедничко делување со општините и поголемите зимски центри во земјава, информираат од ЕВН Македонија.

Додаваат дека коригирано е заземјувањето на 170 столбa од среднонапонската мрежа и на 30 трафостаници ТС 10(20)/0,4 киловолтни, а направени се и сите други интервенции на утврдените недостатоци по инспекција на мрежата на сите напонски нивоа. Годинава, стои во соопштението, е изградена нова надземна и подземна мрежа на ниско и средно напонско ниво во вкупна должина од 140 километри.

ЕВН Македонија ќе ги стави на располагање и сите специјализирани возила за зимски услови и возилата за специфични интервенции, мерни коли за лоцирање дефекти и друга опрема кои ќе бидат распоредени низ сите поголеми центри во земјава со што на располагање е ставена целата механизација. Околу 50 електромонтери се ангажирани во тимовите за брзи интервенции после работното време, а уште 650 може дополнително да се ангажираат, истакнуваат од компанијата.

Од ЕВН Македониаја апелираат на рационално користење на енергијата и заедничко делување против крадците на струја.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски