Вицепремиерот Бесими се сретна со амбасадорите на Финска и на Ирска

Од:

Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2014 година, беше главна тема на денешните одвоени средби на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими со амбасадорите на Финска, Тимо Рајакангас и на Ирска, Жерард Кор.

Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Бесими истакна дека важно е што и во овој Извештаj, ЕК по шести пат ја потврдува препораката Република Македонија да започне преговори за полноправно членство во ЕУ. Тој, притоа ги информираше амбасадорите дека Владата е свесна за сериозноста на укажувањата и посветено работи кон решавање на предизвиците со кои се соочува државата.

На двете средби вицепремиерот ги запозна амбасадорите со конкретните мерки кои ги презема СЕП, во однос на укажувањата од Извештајот.

Тој истакна дека од страна на СЕП подготвена е детална анализа во однос на наодите дадени во Извештајот, која ќе биде презентирана на утрешната владина седница. Меѓу другото, нагласи дека веднаш по добивањето на Извештајот Секретаријатот отпочна  со организирање на посебни средби со академската заедница,  невладиниот сектор, судството, министерствата, здруженијата на новинари како и со бизнис заедницата, со цел постигнување поголема транспарентност и инклузивност на процесот.

Двајцата амбасадори, како што се наведува, искажаа поддршка за евроинтеграцијата на Република Македонија и потенцираа дека и двете држави се партнери на Македонија и се отворени за идна соработка. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски