Во сабота акција за чистење на отпадот низ цела држава

Од:

Во рамки на проектот „Македонија без отпад“ в сабота низ цела држава ќе се реализира националната акција за чистење на отпадот „Македонија без отпад“.

Акцијата ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, дел од проектот „Македонија без отпад 2014“.

Проектот ќе се спроведува со поддршка и со учество на државните институции, локалната самоуправа, јавните и комуналните претпријатија, невладините организации, здруженија на граѓани и месното население.

Целта на проектот е што помасовно да се вклучат граѓаните и сите засегнати групи, да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа лоциран на несоодветни места.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека подетални информации заинтересираните граѓани можат да најдат на веб страницата на „Ајде Македонија“, www.ajdemakedonija.mk, каде треба да ги пријават своите активности или на веб страниците на општините.

Граѓаните доколку забележат неовластено исфрлање и складирање на отпадот можат да се обратат на бесплатниот телефонски број за итни дојави 195 на Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска