Важноста на семејните оброци за здравјето

Од:

Мирните семејни оброци со позитивна атмосфера можат да спречат акумулирање на вишок килограми кај децата, објавија американски научници.

Истражувањето спроведено на Унвиерзитетот Минесота сугерира дека децата кои пораснале во домаќинства каде што имало недостиг на позитивна атмосфера за време на семејните оброци, имале многу поголеми шанси за дебеење.

Податоците објавени во стручното списание „Педиатрикс“ се базираат на проучување на видео снимки на оброци од 120 семејства.

Почестите семејни оброци уште од порано се поврзани со помал ризик за прекумерна тежина кај децата, а сега е потврдено дека преголемата телесна маса е почеста кај децата кои имаат тенденција да јадат во нивните соби, наместо со остатокот на семејството.

Покрај тоа, оброците кај децата со вишок килограми во просек траеле пократко отколку кај децата со препорачана телесна маса.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска