Изложба на Александра Петковска во Крива Паланка

Од:

Во Центарот за култура во Крива Паланка синоќа беше отворена изложба на цртежи од младата уметничка Александра Петковска, матурант во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.

На изложбата, како што информира директорот на Центарот за култура Александар Рангелов, се поставени околу 25 цртежи, главно портрети, но и други дела инспирирани од филмови и од внатрешната имагинација на авторот.

– Петковска е исклучително талентирана, првенец на кривопаланечката гимназија, која досега го покажала својот раскошен талент во многу области, како и на полето на уметничкото троврештво, истакна Рангелов.

Во знак за поддршката на талентирани ученици, Петковска му подари портрет на градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Изложбата ќе биде отворена во наредните седум дена.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски