Четири сообраќајки за 24 часа на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди.

Тие се со последица телесни повреди при што се повредени седум лица и тоа еден сопатник, двајца пешаци и четворица патници во автобус.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 12 возачи кои ги управувале возилата технички неисправни, тројца возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, 13 возачи со возилото непрописно се престроиле пред крстосница, како и 22 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Партение Зографски“ кое се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Денеска на крстосниците во централното градско подрачје ќе биде реализирана обука за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе биде реализирана од страна на Единицата за безбедност во патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР. Апел до возачите да бидат претпазливи, толерантни и да ги почитуваат знаците што ќе ги даваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип