Фудбалските репрезентации на Босна и Херцеговина и Белгија, синоќа ремизираа во третото коло од квалификациите за Европското првенство во Франција во 2016. година.
Навивачите на двете репрезентации, Фанатикоси и популарната Бригада на ѓаволот, испратија несекојдневна слика во светот кога се во прашање навивачи и слика од терен.
На крајот на натпреварот, навивачите на северната трибина почнаа да разменуваат навивачки реквизити. Па така, обезбедувањето, овој пат имаше многу поубава задача, пренесуваше шалови, маици и дресови, од една на друга страна.
На прекрасната атмосфера на натпреварот и претходеше неформално дружење на навивачите на Белгија и Босна и Херцеговина во близина на стадионот.
Секако, потег и однесување, достојни за почит и пофалба.
Т.Ц.