Вкупно 76 здравствени работници во САД можно е да имале контакт со пациентот од Либерија кој почина минатата недела во болница во Далас, соопштија американските санитарни власти.
До моментот само еден човек е заразен со смртоносниот вирус – 26-годишна медицинска сестра која вчера рече дека се чувствува подобро.
Првично властите соопштија дека 48 луѓе имале контакт со Томас Данкан пред тој да биде хоспитализиран на 28 септември.
– Вкупно 76 луѓе имале контакт со заболениот човек и поради тоа посебно се надгледува нивната здравствена состојба, изјави д-р. Томас Фридан, директор на Центарот за контрола и превенција од заразни болести.
– Новата ризична група ги вклучува сите кои влегувале во неговата болничка соба, како и оние што вршеле анализа на неговата крв, додаде тој.