ВИДЕО: Мекдоналдс покажа како се произведуваат нивните хамбургери

Од:

Соочувајќи се со лошата репутација во јавноста, најголемиот ланец за брза храна во светот, Мекдоналдс започна камапања за да го поправи имиџот, но и за да на своите потрошувачи им покаже како се произведуваат нивните хамбургери.

По повод кампањата, ланецот ги отвори вратите за телевизиските камери во ресторан во Калифорнија, при што новинарите можеа да го видат производниот процес.

Од ресторанот кој дневно обработува речиси 200 тони месо, вработените во Мекдоналдс потврија дека нивните бургери се прават само од говедско месо.

Освен што ги отворија вратите на своите ресторани, Мекдоналдс оваа недела во рамки на кампањата на социјалните мрежи ќе одговара на прашања на своите конзументи.

-Започнуваме патување наречено „Наша храна, ваши прашања“, сакаме да ги отвориме вратите и да им дозволиме на нашите потрошувачи да не прашаат што сакаат, а ние ќе им дадеме одговор-рече директорот за квалитет, Рикет Колинс.

Бренд менаџерот, Кевин Невел истакна дека оваа кампања не е поради профит, туку со цел верните потрошувачи да ја дознаат вистината за Мекдоналдс.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ