Аргентина ја обвинува екипата на „Топ Геар“ за „фабрикација“ на вистината

Од:

Официјален Буенос Аирес ги обвини водителите на популарната телевизиска серија за автомобилизам „Топ Геар“ на Би-Би-Си, за „фабрикација“ на вистината околу нивното прерано заминување од Аргентина.

Аргентинскиот амбасадор во Велика Британија, Алисија Кастро, во авторски текст во лондонски „Индепендент“ ја обвинува британската тв екипа за „измислување хорор приказна“ тврдејќи дека тоа се прави „само за да се прикаже Агентина како земја на дивјаци“.

Екипата на Би-Би-Си, која ја предводи Џереми Кларксон, престојуваше во Аргентина, за да направи специјална емисија за најпознатиот јужноамерикански автопат, што минува низ пространата аргентинска област Патагонија и завршува на крајниот југ на континентот, во Огнена Земја.

Пред да се заврши снимањето на емисијата, Кларксон и неговите соработници, набрзина ја напуштија аргентинската територија,оставајќи ги дури и трите возила со кои патуваа.

Првичното објаснување беше дека аргентинските локални власти не им дозволиле на луѓето од „Топ Геар“ да снимаат секаде каде сакале,а посебно не во реонот на Огнена Земја, но подоцна се разбра дека причината за заминувањето бил стравот на британската екипа за личната безбедност на водителите.

Според британските медиуми, кои се повикуваат на пишувањето на јужноамериканските весници, Кларксон и другите двајца возачи-водители, побегнале од Аргентина, затоа што локални „банди“ им се заканувале со прететпување и убиство, поради регистарската табличка на едно од британските возила.

„Поршето“ на Кларксон имало табличка Х 982 ФКД, што асоцирало на Фокландските Острови и на војната за овој одалечен архипелаг во јужниот Атлантик, меѓу Аргентина и Велика Британија, во 1982 година. Ваквите толкувања во медиумите во Јужна Америка и во Лондон, беа демантирани од уредништвото на Би-Би-Си, како и од локалните власти во Огнена Земја, но кога екипата се врати дома, британските медиуми беа полни со изјави на Кларксон кој даде свое видување за случувањата.

Според неговото објаснување, табличката на која бројките асоцираат на годината на војувањето, а буквите на името на островите, била сосема случајна избрана и на неа никој, до пристигнувањето во Аргентина, не обрнувал внимание. Кларксон вели дека кога почнале со снимањето, почнале и „прогонувањата“ и тврди дека имало протести пред хотелот каде екипата престојувала, каменување и закани дека „тројцата ќе бидат запалени заедно со автомобилите“.

Во изјавите во Лондон, Кларксон инсистира дека „морале да побегнат“ од Аргентина, затоа што постојано ги прогнувале „разулавени банди и толпи луѓе“ за да им се одмаздат за Фокландите.

Аргентинската амбасадорка Кастро, меѓутоа, сето тоа го отфрла и инсистира дека целата приказна е „измислена“.Таа се лути што протоа се потсетува на потонувањето на аргентинскиот воен брод „Бертрано“ погоден од британско торпедо,во време на 70 дневната војна од пред 32 години, но тврди дека никој не ги прогновал луѓето од „Топ Геар“ и дека никој не сакал живи да ги запали.

– Аргенитина никогаш не практикувала канибализа. Ние (Аргентинците) навистина јадеме многу месо, но никогаш не јадеме новинари, вели во својот напис амбасадорката Кастро.

Таа потестува дека без никакви проблеми во Аргентина живеат и работат преку 250 илјади Британци и нивни потомци, а дека во реонот каде, наводно,за телевизиската екипа било „најжешко и најпасно“ во Патагонија, има над 70 илјади Велшани.

Буенос Аирес и Лондон последниве пет години ги имаат влошено билатералните односи, откако аргентинската Влада одново го отвори „фокландското прашање“, барајќи од Велика Британија разговори за статусот на Островите. Аргентиците почнаа да зборуваат дека Фокландите, кои преку 130 години се британска прекуморска територија, се дел од Аргентина, кога се разбра дека на морското дно околу островите, има резерви на нафта.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ