Продолжува проектот „Музејот – пријател на децата“

Од:

Националната установа Музеј на македонската борба – Скопје и во новата учебна година го продолжува проектот „Музејот – пријател на децата“.

Во рамките на овој проект предвидено е одржување креативни и едукативни работилници во просториите на музејот со ученици од литературни, ликовни, драмски и историски секции од основните училишта и од средните училишта од градот.

muzej-prijatel-deca1

Музејот ги поканува заинтересираните ученици и наставници да го пријават своето учество во работилниците. Учесниците ќе добијат диплома за учество, а за најуспешните предвидени се и награди.

Музејот ќе обезбеди материјали за работилниците и освежување за учесниците. Оваа година проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Повеќе инфoрмации за проектот може да се најдат на веб страницата на Mузејот www.mmb.org.mk и на телефонскиот број 02 3256667.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање