Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба „Светскиот пожар“ на фотографии и плакати од Русиja, како и од од Австрија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Србија, Унгарија и Франциja, кои сведочат и потсетуваат на настаните кои се случувале за време на одвивањето на Првата светска војна (1914-1918 г.).
Изложбата ја во организира Руската дијаспора во Македонија, а под покровителство на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Институтот за култура при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин”, како и Здружението за Македонско-Руско пријателство „Димитрија Чуповск
Изложбата беше подготвена со помошта на Амбасадите на Австрија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Србија, Унгарија и Франциja.
Како што информира на отворањето Драган Миладиновски директор на Институтот за култура на МСУ „Державин“ Свети Николе-Битола и претседател на Здружението за Македонско –Руско пријателство „Димитрија Чуповски“од Велес.
– Изложбата на документарни фотографии и плакати „Светскиот пожар“ со која се одбележуваат 100 години од почетокот на Првата светска војна, нема за цел да го прикаже текот на војната од хронолошки, туку од емоционален аспект. Нејзината основна порака е „Светскиот пожар е лош за сите и во неговиот оган горат животите на луѓе и држави… Преку изложбата, на ист простор ќе се „соберат” тогашните спротивставени страни – државите на Тројниот сојуз и Антантата, потенцира Миладиновски.
Изложбата ја отвори неговата екселенција Олег Шчербак, Амбасадор на Руската Федерација во Македонија.