Репрезентацијата на Исланд го направи најголемото изненадување на синоќешните дуели од квалификациите за ЕУРО 2016 совладувајќи ја трето пласираната селекција од Светското првенство Холандија со 2:0. Стрелец на двата гола беше Гилфи Сигурдсон.
Најубедливата победа на синоќешните дуели ја оствари Хрватска, дома против Азербејџан.
Резултати и табели:
А група: Исланд – Холандија 2:0, Летонија – Турција 1:1, Казахстан – Чешка 2:4.
Табела: Исланд 9 бодови, Чешка 9, Холандија 3, Летонија 2, Турција 1, Казахстан 1.
Б група: Босна и Херцеговина – Белгија 1:1, Велс – Кипар 2:1, Андора – Израел 1:4.
Табела: Велс 7, Израел 6, Белгија 4, Кипар 3, Босна и Херцеговина 2, Андора 1.
Х група: Хрватска – Азербејџан 6:0, Малта – Италија 0:1, Норвешка – Бугарија 2:1.
Табела: Хрватска 9, Италија 9, Норвешка 6, Бугарија 3, Малта 0, Азербејџан 0.
Денеска се играат девет натпревари исто така од третото коло со кои ќе заврши оваа фаза од квалификациите, а двојките се: Полска – Шкотска, Германија – Република Ирска, Гибралтар – Грузија (Д група), Сан Марино – Швајцарија (Е група), Фарски Острови – Унгарија, Финска – Романија, Грција – Северна Ирска (Ф група), Данска – Португалија, Србија – Албанија (И група).