Затвореници држат како заложници 12 чувари во бунт во затвор во јужниот дел на Бразил, соопштија локалните власти.
Бунтот избувнал во бразилската држава Парана, а регионалниот државен секретар за правда Елсон Фасин изјави дека не се знае причината за бунтот, како и колку затвореници се земени за заложници.
Ова е петти бунт во затвор во Парана во изминатиот месец, а 21 годинава. Според бразилските медиуми управникот на затворот директно преговара со бунтовниците.
Во затворите во Бразил се наоѓаат 548.000 луѓе, што значи дека на секои 100.000 жители има 274 затвореници.