Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун по 40 дена се појави во јавност, посетувајќи нов станбен комплекс и нов Институт за природна енергија, соопшти севернокорејската државна агенција.
Ким претходно е виден во јавност на 3 септември, кога со сопругата присустуваше на еден концерт.
Според јужнокорејскиот весник „Џонганг илбо“ Кин кон средината на септември бил опериран на двете нозе, а операцијата ја извршил француски хирург.
Ким Џонг Ун (31) минатиот петок не присуствуваше на одбележувањето на 69-годишнината од основањето на Работничката партија на Северна Кореја.