Во Музејот на град Скопје – Скопје, вечерва ќе биде отворена изложба на дел од рецентното творештво на Горан Дачев-Горанд. изложбата опфаќа 100 дела создадени во последните десетина години.
Горан Дачев (1970) е автодидакт посветен на творење графичка нарација (стрип) и црно бел цртеж на хартија и платно, сепак полноправно авторски активен од 1991, кога и го објавува првиот стрип во Макстрип, а од 1995 е сосема посветен на алтернативното андерграунд стрип творештво и активен објавувач во разни специјализирани за независен стрип, магазини во Македонија, поранешна Југославија, како и во неколку независни магазини во Швајцарија, Германија, Канада, Италија, Литванија. Во 2008 , помогнат од “Прес ту Ексит”, го објавува и самостојниот проект, стрип книгата Меланж…
Изложбата ќе биде достапна за посетителите до 26 октомври 2014 година.