Истражување: Дваесет и осум отсто од родителите немаат време за секс поради грижата за детето

Од:

Откако бебето ќе стана составен дел од животот на една двојка, нивниот брак се менува од корен. Како тоа влијае на неговиот сексуален аспект? Статистиката ќе ве запрепасти.

Кога нивните денови се исполнети со плачот на бебето, трчкањето на постарото дете, бескрајниот список на домашни работи кои треба да се извршат и напорните задачи на работа, многу мајки и татковци имаат се помалку време и желба да се посветат еден на друг и да бидат интимни.

Меѓутоа, истражувањето кое го спроведе компанијата Тројан, која се занимава со производство на презервативи и сексуални помагала, покажа дека родителите сепак се грижат да не ои запостават нивниот сексуален живот. Нивната сексуална активност, секако е намалена, но тие не забораваат на нејзината важност.

Резултатите од анкетите покажаа дека дури 78 отсто од татковците и мајките поретко стапуваат во сексуални односи, отколку што тоа било случај пред да станат родители.

Имено, 28 проценти од родителите изјавија дека за тоа едноставно немаат време, 26 отсто признаваат дека попрво би заминале на спиење, а 21 процент рекоа дека нивните деца секогаш се во близина поради што им е тешко да најдат време и простор за водење љубов.

Меѓутоа сексот во бракот откако партнерите ќе се остварат како родители има голем број предности.

Како што покажаа резултатите од ова истражување, 40 отсто од родителите подобро комуницираат откако се оствариле во оваа улога и полесно ги изразваат своите желби и потреби.

Дваесет и девет проценти од нив се чувствуваат поврзани со партнерот, а 38 отсто од испитаниците се чувствуваат пoсигурни во врската, што го подобрува искуството од спалната соба.

Исто така ова истражување утврди дека мајките и татковците имаат шифри кои ги кажуваат пред децата, доколку планираат да водат љубов. Најчести се: „Тато и мене ми е потребен тајм-аут“, „Дојди да ми го измасираш грбот“, „Имаме состанок“, „Сакаш ли на тенис“ и „Ќе разговараме за политика“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска