„Солидарност“ издаде антинационалистичка историска студија

Од:

Утре, со почеток во 19.00, во Чаршиската библиотека (Libraria e Çarshisë) во Старата скопска чаршија, ќе се одржи промоција на антинационалистичката историска книга „Национализмот во(н) контекст: соработката на Албанците и Македонците од Илинденското востание до Народноослободителната војна“. Книгата е во издание на Левичарското движење „Солидарност“, а нејзини автори се Здравко Савески и Мариглен Демири. Испечатена е двојазично, на албански и македонски јазик.

„Нашето општество е отруено од национализам. Расте поделбата особено помеѓу Македонците и Албанците. Веќе не се познаваме, иако живееме во исти градови, села, иста држава. Во таков контекст, на националистите (и македонски и албански) многу лесно им успева да ја искривуваат историјата и да тврдат дека отсекогаш постоела нетрпеливост помеѓу Албанците и Македонците.

Со оваа своја антинационалистичка историска книга Левичарското движење „Солидарност“ сака да ги прикаже случаите на соработка помеѓу Македонците и Албанците во периодот од Илинденското востание до Народноослободителната војна. Не сакаме да тврдиме дека помеѓу Македонците и Албанците имало само соработка. Не сакаме да тврдиме ниту дека секоја соработка била заснована на антинационалистички основи. Но сакаме да посочиме и да докажеме дека имало соработка помеѓу Албанците и Македонците и дека националистите (македонски и албански) лажат кога го тврдат спротивното.“, велат од Солидраност.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја стави на гласање Декларацијата на Левица за Палестина оти не била преведена на албански

A1on

Амандманска расправа за законот за данок на солидарност

„Солидарност“ демантира дека ќе се вклучи во формирање партија

Ана Ололовска

Солидарност: Власта е соучесник во експлоатацијата на работниците

Ана Ололовска

Солидарност: Борбата против малигниот груевизам во општеството мора да продолжи!

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Николче ништо не прифаќаме ако ти останеш премиер

Емир Латифовиќ