(ВИДЕО) Скопскиот џез фестивал со нов програмски директор

Од:

Пред престојното 33. издание на Скопскиот џез фестивал, директорот Оливер Белопета ја претстави програмата која годинава е освежена со нов концепт и со пладневен концерт.

Фестивалот годинава трае еден ден пократко, од 16 до 19 октомври. Концертите ќе се одржуваат во Универзална сала и последната вечер во МОБ.

Полноќните концерти ќе се одржуваат во Сити хол центарот.

Според директорот Белопета, причината за ангажирањето на Богдан Бенигар како програмски директор е потребата од освежување на фестивалот.

– Оваа година имема неколку освежувања во програмата, идејата беше да се продолжи успешниот програмски концепт на фестивалот, меѓутоа и да се освежи и заради тоа, прв пат годинава имаме гостин – програмски директор, рече Белопета.

Автор на концептот на годинашново издание на Скопскиот џез фестивал е Богдан Бенигар, кој беше директор на љубљанскиот џез фестивал. Тој рече дека ја прифатил поканата да ја конципира годинешната програма бидејќи во Скопје, за разлика од другите фестивали на Запад, кои, како што рече, се борат буквално за секој посетител, овде се уште има добра атмосфера и одлична посетеност.

– Оливер говореше за освежување, но, сепак мислам дека се работи за континуитет, бидејќи тој знае што работам. А, мојата идеја беше малку да изненадам и дадам свој печат на програмата, рече Бенигар.

Според него секоја концертнма вечер е така осмислена да има познати изведувачи но и нови интересни имиња.

За отварањето најавен е концертот на корејско шведското дуо на Јун Сун На и на композиторката и со Греми наградената тапанарка Тери Лин Керингтон. Додека како за затворањето на фестивалот, прв пар во Скопје ќе настапи култниот австралиски состав „Некс“ Целата програма на годинашново издание на Скопски џез фестивал е на http://www.skopjejazzfest.com.mk

А.Б.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска