Кривична пријава за двајца дебрани за бесправно градење и злоупотреба на службена должност

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „бесправно градење“, полициската станица од Дебар против П.П. (61) и Г.Ц. (50) двајцата од Дебар, поднесе кривична пријава.

Пријавениот П.П. во својство на раководител на Секторот за урбанизам и комунални рабооти во Општина Дебар и Г.Ц. како архитект во општината, во периодот од 17 до 30 септември 2103 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување со пречекорување границите на своето службено овластување и надлежности за вршење на работите од уредување на просторот, од инвеститорот И.Е. од Дебар, спротивно на условите предвидени со деталниот урбанистички план (ДУП) прифатиле и одобриле основен проект за градба на станбено деловен објект во центарот на Дебар. Со тоа, двајцата пријавени му овозможиле на инвеститорот И.Е. противправно севкупно да се стекне со имотно-финансиска корист од околу 380.515 евра.

МВР денеска соопшти дека пријавените иако увиделе дека проектот предвидува градба на станбено деловен објект со максимални димензии во површина на приземјето од 845 метри квадратни дозволиле градба на истиот наспроти деталниот урбанистички план со кој максимално дозволена површина на објектот за посочената градежна парцела изнесувала 707 метри квадратни. Тие свесно и спротивно на одредбите од Законот за градба и Законот за просторно и урбанистичко планирање, се согласиле со таквиот основен проект и потпишале дека доставената документација односно основниот проект е во согласност со ДУП. На тој начин пријавените на инвеститорот му овозможиле противправно да се стекне со имотна корист-станбено деловен простор од 959 метри квадратни или околу 335.650 евра сметано според цената на метар квадратен станбен простор.

За фактичката површина на објектот со површина од 845 метри квадратни, инвеститорот И.Е. требало да плати надоместок за уредување на градежно земјиште околу 11.995.620 денари. Наместо тоа, во согласност со пријавените, инвеститорот платил 9.243.117 денари што одговара на површината предвидена со деталниот урбанистички план каде максимално дозволена површина на објектот за посочената градежна парцела изнесува 707 метри квадратни.

По тој основ, пријавените му овозможиле на инвеститорот И.Е. противправно да се стекне со имотно-финансиска корист од околу 2.752.503,оо денари и со тој износ го оштетиле буџетот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски