На 14 октомври 2014 година, со почеток во 12 часот, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, ќе биде промовирана книгата „Правила за радикалите: Практичен вовед за реалистичните радикали“ од Соул Д. Алински.
Книгата, во издание на Фондацијата Отворено општество – Македонија, ќе ја промовираат Артан Садику, програмски директор на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, и Жарко Трајаноски, активист за човекови права.
„Правила за радикалите“ е страстен совет на Алински за младите радикали, за тоа како да предизвикаат конструктивна општествена промена и да ја увидат разликата меѓу тоа да се биде реалистичен радикал и да се биде реторичен радикал.
Модератор на дебатата, на која ќе се проговори и за денешната генерација радикали, ќе биде Анета Маркоска-Чубриновска, професор на Универзитетот Кентербери, Нов Зеланд.